ПУТИН СЕ ПЛАШИ САМО ОД ТРАМП И МОЖЕБИ ОД КИНА Зеленски откри што му кажал на новоименуваниот претседател на САД

Украинскиот претседател одржа трилатерална средба со Доналд Трамп и со францускиот претседател, Емануел Макрон, изминатиот викенд во Париз, со кои разговараше за руската инвазија.

630

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека рускиот лидер Владимир Путин се „плаши само од Трамп“.

„Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него и можеби од Кина“, напиша Зеленски на Икс.






Украинскиот претседател одржа трилатерална средба со Трамп и со францускиот претседател, Емануел Макрон, изминатиот викенд во Париз, со кои разговараше за руската инвазија.

– Само решителност може да ја доведе оваа војна до крај и да обезбеди долготраен мир – рече Зеленски.

Toj додаде дека САД имаат капацитет да прават извонредни работи што другите не успеале да ги направат.

– За успешно завршување на оваа војна, ни треба единство на Америка, Европа и на сите во светот кои ги ценат безбедноста, силните позиции и гаранциите за мир – рече Зеленски.

📷 СРЕДБА МАКРОН, ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ ВО ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА „Светот полудува, ќе разговараме за тоа“

Поврзани содржини