ПУТИН СЕ ОБИДУВА ДА ЗДИВНЕ СО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ Бајден ги коментираше 36-те часа мир кои ги нареди Кремљ

1,453

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува „да здивне” со воспоставување на 36-часовен прекин на огнот, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашање за предлогот на Москва за воспоставување примирје.

Кремљ претходно денеска објави дека Путин му наредил на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина за време на Бадник и Божик, почнувајќи на пладне на 6 јануари и завршувајќи на 7 јануари, по апелот на патријархот Кирил од Руската православна црква.






Советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак истакна дека Киев отфрла каков било мировен договор со Москва што ќе ѝ овозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили.

ПУТИН НАРЕДИ ПРЕКИН НА ОГНОТ ЗА БОЖИК Киев одговори, „ова е цинична измама и елемент на пропаганда“

 

 

Поврзани содржини