Путин: Русија планира извоз на своите вакцини

Путин посочи дека Русија во оваа сфера има стекнато сериозно научно, па дури и клиничко искуство.

250

Русија планира да ги извезува своите вакцини против коронавирус, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на видео-самитот на Азиско-пацифичкото економско партнерство (АПЕК).

– Се разбира, главниот приоритет е здружувањето на напорите во борбата против коронавирусот, а Русија има што да им понуди на своите партнери и пријатели, рече Путин – пренесе Тасс.






Путин посочи дека Русија во оваа сфера има стекнато сериозно научно, па дури и клиничко искуство.

Во Русија се развиени и регистрирани две вакцини – „Спутник V“ и „ЕпивакКорона“. Третата вакцина се наоѓа во завршна фаза од тестирањето, потсети Путин.

Поврзани содржини