Рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска го слави 68-от роденден, изјави дека верува во судбина, но и во можноста дека секој човек има моќ да ја промени својата судбина.
– Верувам во судбина, но и во можноста дека можеме да влијаеме врз неа – истакна Путин, додавајќи дека неговото мислење во врска со тоа прашање е посложено од стандардното „ако е нешто судено, тогаш така ќе биде“.
Според него, не е толку едноставно.
– Постојат многу теории. Многу ќе си помогнете ако имате самодоверба, ако верувате во своите способности, а најважно ако ја направите вистинската работа. Тоа може да ви ја промени судбината – нагласи Путин во интервјуто насловено како „20 прашања за Владимир Путин“, последно во рамки на серијалот по повод две децении на власт во Русија.