ПУТИН РАСПАЛИ ПО САД Дваесет години американско присуство во Авганистан е трагедија

Што се однесува до иднината на Авганистан по повлекувањето на САД и нивните сојузници, Путин смета дека е „невозможно да се наметне нешто однадвор“.

1,675

Дваесетгодишната војна и американското присуство во Авганистан беа „трагедија“ за таа земја, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин – еден ден по завршувањето на повлекувањето на САД.

– Дваесет години американски војници беа присутни на оваа територија и дваесет години се обидуваа (…) да ги „цивилизираат “луѓето што живеат таму. А всушност, ги наметнуваа нивните норми и стандарди на живеење – изјави Путин на средба со ученици, пренесува ТАСС.






– Како резултат, само трагедии. Само загуби. И за оние што го направија тоа, за САД, а уште повеќе за луѓето што живеат во Авганистан – додаде шефот на државата, кој е на турнеја на Далечниот Исток на Русија.

Што се однесува до иднината на таа земја по повлекувањето на САД и нивните сојузници, Путин смета дека е „невозможно да се наметне нешто однадвор“.

Поврзани содржини