ПУТИН ПРОПАЃА Столтенберг ги откри „знаците на слабост“ кај руските сили пред состанокот во Букурешт

За Столтенберг фактот што Русија се откажува од териториите околу Киев, Харков и Херсон, а притоа, според него, во немоќ врши воздушни напади, е индикатор дека Русија пропаѓа на бојното поле. Тој открива дека Русија е при крај со муницијата и дека, според него, тоа е причината што Русите прибегнале кон воената помош од Иран.

933

Генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека претседателот Владимир Путин „пропаѓа“ во својата војна и како резултат на тоа може да се очекуваат повеќе напади врз Украина. Генсекот го изјави ова за новинарите во Букурешт на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

По инвазијата во февруари, Столтенберг забележува дека Русија се откажала од териториите околу Киев, Харков и Херсон,  додавајќи дека тоа е „знак на слабост“, јавува Би-Би-Си.






– Тоа е знак дека Русија пропаѓа на бојното поле – изјавил тој за новинарите пред да влезе на самитот.

– Како одговор на тоа, тие напаѓаат цивилни градови бидејќи не се во можност да освојат територија и да избегнат Украина полека да ослободува сѐ повеќе и повеќе територии – додава Столтенберг.

– Значи, да, можеме да очекуваме повеќе напади. Никој не може да каже точно колку, но претседателот Путин и Русија покажаа подготвеност да нанесат страдање и на ниво на бруталност што не сме го виделе во Европа од Втората светска војна.

– Знаеме дека Русија е при крај со муниција и затоа посегнаа до Иран – продолжува генсекот.

Столтенберг инсистира на тоа дека сојузниците на Украина се засилиле, но дека треба да се направи повеќе „за да ѝ се помогне на Украина да ја поправи критичната инфраструктура, но и за земјата да се справи со самите напади со обезбедување повеќе системи за противвоздушна одбрана“.

– Не е сè до додавање повеќе оружје, туку да се осигураме дека оружјето обезбедено од сојузниците на НАТО може да ги собори дојдовните руски ракети и беспилотни летала – објаснува еден од водечките луѓе на Алијансата.

Столтенберг се осврна и на фактот што, како што тој вели, Владимир Путин се обидува да ја искористи зимата во Украина како оружје за војна. Тој рече дека членките на одбранбената алијанса испорачале генератори и резервни делови за да ѝ помогнат на Украина да ја обнови уништената енергетска инфраструктура.

– Мораме да бидеме подготвени повеќе бегалци да преминат во остатокот од Европа како резултат на намерниот напад на Русија врз критичните служби – заклучува генсекот.

Поврзани содржини