Путин прогласи неработна недела во цела Русија

Според Путин, ваквата мерка е неопходна за да се спречи масовното ширење на опасниот Ковид-19.

2,449

Рускиот претседател Владимир Путин објавил дека следната недела ќе биде неработна во целата територија на Русија, а како што објаснил, со работа ќе продолжат само аптеките, продавниците, болниците, вработените во меѓуградскиот превоз, како и останатите услужни центри.

Според Путин, ваквата мерка е неопходна за да се спречи масовното ширење на опасниот Ковид-19.






– Само на овој начин ќе се намалат ризиците од ширењето на коронавирусот. Најважно е во моментов сите да останете дома – рекол Путин.

Тој предложил да е откаже и гласањето за уставните измени и додал дека за новиот датум дополнително ќе се разговара откако ќе заврши кризата со вирусот.

Бројот на заразени со коронавирус во Русија во моментов изнесува 658 лица.

Поврзани содржини