ПУТИН ПРОГЛАСЕН ЗА ВОЕН ЗЛОСТОРНИК Американскиот сенат изгласа резолуција за војната во Украина

Според лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, демократите и републиканците се здружија за да кажат дека „Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, додава ДПА.

1,070

Сенатот на САД вчера  едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА.

„Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, го охрабри Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја земат за цел руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската окупација на Украина“, се наведува во соопштението.






Според лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, демократите и републиканците се здружија за да кажат дека „Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, додава ДПА.

Минатата недела, двата дома на американскиот Конгрес го одобрија законот со кој се обезбедува помош од 13,6 милијарди долари за Украина и нејзините европски сојузници. Американскиот претседател Џо Бајден законот го потпиша вчера.

Поврзани содржини