Путин: Прерано е да се размислува за мојот статус после 2024 година

202

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е премногу рано да се размислува за неговиот статус по 2024 година, кога истекува неговиот тековен мандат.

– Секој иден одговор ќе зависи од стремежот и аспирациите на народот. Не знам, ќе видиме. Јас сум уште четири години и немам одговор во моментов – рече Путин на прашањето за неговиот статус по 2024 година во интервју за ТАСС.






Според него, најважен е ставот на мнозинството граѓани.

– Тоа е прашање на доверба – рече Путин.

Вториот, шестгодишен мандат на Путин истекува во 2024 година. Путин (67) е на власт во Русија повеќе од 20 години.

Поврзани содржини