ПУТИН ПРЕДУПРЕДУВА Може да донесеме поинаков заклучок
Рускиот претседател смета дека оружјето што пристигнува во Украина, нема многу да ја подобри состојбата на владата во Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин, повторно го предупреди Западот да не ѝ испраќа на Украина ракети од долг домет.
– Целата фама околу испораката на оружјето за украинската војска, по мое мислење има само една цел. Вооружениот конфликт да се одолжи што е можно повеќе – изјави Путин.
Сепак, тој смета дека оружјето што пристигнува во Украина, нема многу да ја подобри состојбата на владата во Киев.
– Доколку Киев добие ракети од долг домет, тогаш Москва ќе изведе одредени заклучоци и ќе ги употреби своите средства за уништување, кои ги има доволно и ќе ги целиме објектите коишто до сега ги одбегнувавме – додаде рускиот претседател.