ПУТИН ПРАВИ СВОЈА ЕВРОВИЗИЈА, 20 ЗЕМЈИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ Оживува советската Интервизија од времето на Брежњев

Во времето на СССР, Интервизија се одржа во Полска и во тогашна Чехословачка и беше гледана како симбол на отвореноста на Советска Русија по смртта на Јосиф Сталин. Финска, како неутрална земја, беше единствена која учествуваше и на Евровизија и на Интервизија.

340

Дваесетина земји меѓу кои Бразил, Куба, Индија и Кина се пријавиле да учествуваат на Интервизија, руски пандан на Евровизија кој со декрет од рускиот претседател Владимир Путин беше оживеан оваа недела.

Интервизија е познат фестивал од времето на Советска Русија и се одржуваше од 1960-тите до 1980-тите во време кога претседател беше Леонид Брежњев.






Фестивалот повторно ќе се одржи оваа есен, најави претседателскиот претставник Михаил Свидкој. Путин го назначи заменик-премиерот Дмитриј Чернишенко за шеф на организацискиот комитет.

Во времето на СССР, Интервизија се одржа во Полска и во тогашна Чехословачка и беше гледана како симбол на отвореноста на Советска Русија по смртта на Јосиф Сталин. Финска, како неутрална земја, беше единствена која учествуваше и на Евровизија и на Интервизија.

Неколку години по официјалното распаѓање на СССР, во 1994. Русија за првпат учествуваше на Евровизија. По окупацијата на Украина во 2022 година, на земјата ѝ беше забрането да учествува.

 

 

Поврзани содржини