ПУТИН ПОВИКА 160.000 ЛИЦА ВО ВОЕНА СЛУЖБА Пролетна мобилизација во Русија, најголема досега
Од 2012 година година бројот на пролетни и есенски регрути во Русија не надминал 155.500 регрути. За споредба, во пролетта 2021 година во војска биле испратени 134.650 лица, додека во есента истата година тој број изнесувал 127.500.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува во периодот од 1 април до 15 јули да се повикаат 160.000 граѓани на воена служба, што е најголем број регрути во Русија од 2011 година.
Пролетниот повик за воена служба во траење од 1 година доаѓа неколку месеци откако Путин рече дека Русија треба да ја зголеми својата војска на речиси 2,39 милиони војници,. Во тоа е вклучено и зголемувањето на бројот на активниот персонал на 1,5 милион, што е зголемување за 180.000 војници во следните 3 години.
Вицеадмиралот Владимир Цимљански изјави дека новите регрути нема да бидат испратени да се борат во Украина.
Тековниот циклус на регрутирање се одвива и покрај обидите на САД да постигнат прекин на огнот во војната.
Овој пролетен повик вклучува 10.000 регрути повеќе отколку во истиот период лани. Максималната возраст за регрутирање е зголемена од 27 на 30 години, за да се прошири бројот на достапни кандидати. Покрај редовната регрутација, Русија ангажира и голем број војници со договор и регрутира илјадници војници од Северна Кореја, за да компензира за загубите во Украина.
Како што пишува „Москва тајмс“, од 2012 година година бројот на пролетни и есенски регрути не надминал 155.500 регрути. За споредба, во пролетта 2021 година во војска биле испратени 134.650 лица, додека во есента истата година тој број изнесувал 127.500.
Руското Министерство за одбрана го поврза зголемувањето на војниците со „растечките закани“ кои произлегуваат од војната во Украина и „континуираното проширување на НАТО“.