ПУТИН ПОТПИША УКАЗ ЗА РЕГРУТАЦИЈА НА 261.000 ГРАЃАНИ Повиканите се на возраст од 18 до 30 години
Руската влада доби упатства за тоа како да обезбеди спроведување на мерките поврзани со регрутацијата.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутација за воена служба од јануари до 31 декември 2026 година, во кој ќе бидат вклучени 261.000 руски граѓани, објавија руските медиуми.
Указот беше објавен денеска на официјалната веб-страница за правни информации.
Регрутацијата е планирана за руски граѓани на возраст од 18 до 30 години кои не се во резерва на армијата.
Врз основа на истиот указ, војниците и помладите офицери чија воена служба е истечена ќе бидат отпуштени од армијата, соопшти агенцијата.
Руската влада доби упатства за тоа како да обезбеди спроведување на мерките поврзани со регрутацијата.