ПУТИН ПОБАРА, ПАРЛАМЕНТОТ ОДОБРИ Влезот на руската војска во Донбас е исто што и окупација
Резолуцијата која повикува на „употреба на вооружени сили надвор од Русија“ беше едногласно поддржана од 153-те членови на Советот на Федерацијата.
Горниот дом на рускиот Парламент даде одобрение за употреба на воена сила во странство, отворајќи го патот за потенцијален влез на војска во Украина, јави ДПА. Резолуцијата која повикува на „употреба на вооружени сили надвор од Русија“ беше едногласно поддржана од 153-те членови на Советот на Федерацијата.
„Силината на армиските единици, областите на распоредување, задачите и времетраењето на нивниот престој надвор од Русија ги одредува рускиот претседател во согласност со рускиот Устав“, се вели во резолуцијата, пренесе новинската агенција ТАСС.
Потегот беше осуден од САД, за кои влегувањето на руска војска во Источна Украина е исто што и окупација.
Додека тензиите растат, некои европски земји веќе воведоа првични санкции кон Русија.