ПУТИН ПО ТРЕТПАТ СЕ БОЦНА Првите две дози со Спутник V, а третата со Спутник лајт
Се вакцинирав со третата доза и воопшто не ме болеше, изјавил рускиот претседател на состанокот со Денис Логунов, функционер од Институтот Гамалеја кој ја разви вакцината Спутник, а која беше одобрена во Русија во 2020 година.
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека примил трета доза од вакцината против коронавирусот.
Како што тој самиот изјави за државната телевизија Русија 24, првите две дози што ги примил биле од производителот Спутник V, а третата доза – Спутник лајт.
– Се вакцинирав со третата доза и воопшто не ме болеше – изјавил Путин на состанокот со Денис Логунов, функционер од Институтот Гамалеја кој ја разви вакцината Спутник, а која беше одобрена во Русија во 2020 година.
Состојбата со пандемијата во Русија е катастрофална. Во земјата секојдневно се рушат рекорди по бројот на новозаразени и починати од ковид-19.
Русија досега има пријавено 9.331.158 заболени и 264.095 починати, што се најголеми бројки во Европа.