ПУТИН ПО СТАПКИТЕ НА ПЕТАР ВЕЛИКИ Царот војувал со Шведска за да го врати тоа што ѝ припаѓа на Русија

На 106. ден од војната во Украина, тој ја спореди кампањата на Петар со актуелните руски воени операции.

703

Рускиот претседател Владимир Путин му оддаде признание на славниот руски цар Петар Велики, на 350-годишнината од неговото раѓање, повлекувајќи паралела помеѓу сегашните случувања во Украина и неговата војна за враќање на руските земји.

– Петар Велики ја водел големата северна војна 21 година. Иако изгледа дека тој војувал со Шведска и земал нешто од неа, тој само вратил она што е руско – кажа Путин на отворањето на изложбата посветена на големиот руски цар.






На 106. ден од војната во Украина, тој ја спореди кампањата на Петар со актуелните руски воени операции.

– Очигледно, сега и ние треба да го вратиме она што ѝ припаѓа на Русија и да ја зацврстиме земјата. Ако тргнеме од фактот дека овие основни вредности ја формираат основата на нашето постоење, несомнено ќе успееме да ги решиме задачите со кои се соочуваме – кажа рускиот претседател.

Петар Велики владеел 43 години и наредил новиот главен град на Русија, Санкт Петербург, да се изгради на земјата што ја одзел од Шведска. Санкт Петербург е и родниот град на Путин.
Поврзани содржини