ПУТИН СЕ СТРУПОЛИЛ ПО СКАЛИТЕ ВО НЕГОВАТА РЕЗИДЕНЦИЈА? „Има рак на цревата, проблеми со варењето, докторите го придржуваа до бањата“

Путин слета на мезанинот, падна пет скалила, потоа се преврте на страна и падна на уште две. Остриот удар го натера „ненамерно да дефецира“ поради „рак на гастроинтестиналниот тракт“, според каналот.

4,384

Рускиот лидер Владимир Путин се лизнал и паднал по неколку скали во неговата резиденција, а потоа телохранителите му помагале да се качи на троседот, објави Дејли Мејл и други британски медиуми. Тие го цитираат каналот Генерал СВР на Телеграм каде е објавенa дека Путин „се сопнал и паднал на грб, по што паднал на страна и се лизнал неколку скалила“. Постот на писмено ги дава деталите од падот. Дали претседателот е навистина болен од рак, Паркинс или друга болест?

„Путин слета на мезанинот, падна пет скалила, потоа се преврте на страна и падна на уште две. Остриот удар го натера ненамерно да дефецира поради рак на гастроинтестиналниот тракт“, пишува ДејлиМејл.






Пред прегледот, лекарите го придружувале претседателот до бањата и му помогнале да се исчисти. Тој се здобил со модринки. Веќе била најавена истрага која ќе утврди што го предизвикало падот.

„Носи специјални чевли, дури и дома, со антилизгачка обвивка, а скалите во резиденцијата се сметаат за „безбедни“, пишува на каналот.

Претходно овој месец, каналот тврдеше дека здравјето на Путин „е постојано изложено на стрес и сè повеќе предизвикува загриженост кај лекарите и (неговите) роднини“.

Во него се наведува дека „поради ракот, Путин има сериозни дигестивни проблеми и е на строга иета во последните неколку месеци“. Тој, исто така, страда од „напади на кашлање, вртоглавица, нарушувања на спиењето, абдоминална болка и постојана мачнина“, како и „манифестации на симптоми на Паркинсонова болест и шизоафективно нарушување“.

„Путин постојано се лекува, а подготовката на претседателот за јавно излжување станува сè потешка. На ова треба да се додадат зголемените ризици во однос на личната безбедност [поради неуспесите на неговата војна во Украина“, продолжува објаснувањето.

„Целиот комплекс на проблеми го натера претседателот да донесе одлука по Нова година да се префрли на режимот на „самоизолација“ и поголемиот дел од времето да го поминува во една од [неговите официјални] резиденции опремена со таканаречен „бункер“, се вели.

Каналот тврди дека „ситуацијата на фронтот е таква што, со оглед на сегашните трендови, руските војници ќе бидат принудени да ги напуштат сите окупирани територии на Украина до летото следната година“, освен полуостровот Крим.

Поврзани содржини