ПУТИН ОТКРИ ПОД КОЈ УСЛОВ БИ ПРЕГОВАРАЛ СО ЗЕЛЕНСКИ И СО МЕРЦ За рускиот лидер е битно кој ќе стави потпис на мирот

Рускиот претседател во Санкт Петербург на новинарите за Русија е битно секој конечен договор за мир да го има потписот на легитимни власти во Киев. Тој рече дека е подготвен и за телефонски разговор со германскиот канцелар под услов Германија да се откаже од испраќањето ракети „Таурус“ во Украина.

1,817

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека е подготвен да се сретне со претседателот Володимир Зеленски и дека „на Русија не ѝ е грижа кој ја претставува Украина во преговорите, но инсистира дека секој конечен договор мора да го има потписот на легитимни власти“, пишува Киев Индепендент.

Зборувајќи на тркалезна маса со уредници на големи меѓународни новински агенции доцна на 18 јуни во Санкт Петербург,  Путин одговори и на прашањето дали би разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц.






– Секогаш сме отворени за ова – изјави тој за агенцијата ДПА.

Истовремено, Путин го предупреди Мерц за „многу сериозна штета“ на односите на Германија со Русија доколку Берлин испрати крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина.

– Бидејќи системот „Таурус“ се потпира на офицери од Бундесверот и сателитски податоци, неговата употреба би значела директно вклучување на Германија во војната во Украина – рече Путин и додадека дека испраќањето на ракетите нема да помогне бидејќи руската армија има предност по целата фронтова линија.

Путин, исто така, му рече на американскиот претседател Доналд Трамп на 14 јуни дека Москва е подготвена да одржи нова рунда мировни преговори со Киев по 22 јуни, по завршувањето на размената на затвореници и паднати војници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави на 18 февруари дека Путин, кој владее со Русија повеќе од 20 години, е подготвен за разговори со Зеленски, но мора да се земат предвид „правните аспекти поврзани со неговата легитимност“.

 

 

Поврзани содржини