ПУТИН ОСТАНУВА ОТВОРЕН ЗА КАКОВ БИЛО КОНТАКТ СО ТРАМП Песков вели дека засега не е планиран разговор меѓу двајцата лидери
Продолжуваме да работиме, првенствено на воспоставување билатерални односи, а работиме и на спроведување одредени идеи во однос на украинското решение, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи оти „тоа е долг процес, веројатно поради сложеноста на случајот“.
Портпаролот на Кремљ денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, останува отворен за каков било контакт со американскиот колега Доналд Трамп.
Дмитриј Песков истакна дека засега не е планиран разговор помеѓу двајцата лидери.
Трамп во вчерашното интервју за Ен-Би-Си изјави дека е „многу изнервиран“ и „бесен“ на Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.
– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта која излегува од Русија – посочи Трамп и најави разговор со Путин следните денови.
Путин неодамна го отфрли предлогот на Трамп за безусловен прекин на огнот во Украина, кој Киев го прифати под притисок на САД.
– Продолжуваме да работиме, првенствено на воспоставување билатерални односи, а работиме и на спроведување одредени идеи во однос на украинското решение – истакна Песков, додавајќи оти „тоа е долг процес, веројатно поради сложеноста на случајот“.
ТРАМП МУ Е БЕСЕН НА ПУТИН? Шефот на САД најави царини ако не се постигне мир во Украина