ПУТИН ОСТАНА И БЕЗ ЦРН ПОЈАС Теквондо федерацијата одлучи да го санкционира
Оваа одлука следи откако со агресијата на Украина рускиот преседател ги нарушил основните постулати на федерацијата.
Рускиот претседател Владимир Путин остана и без црниот појас во теквондо, откако Светската теквондо федерација се одлучи да го санкционира поради војната во Украина. Овој појас на Путин му беше доделен како почесен, поради неговите залагања за боречките спортови.
Теквондо федерацијата со седиште во Сеул, Јужна Кореја, повикувајќи се на своето мото „Мирот е поважен од триумфот“ ја осуди руската акција во Украина наведувајќи дека се работи нарушување на спортските вредности на почитување и толеранција.
„Поради тоа Светската таквондо федерација одлучи да му се црниот појас, 9 ден, кој му е доделен како почесен на рускиот претседател Владимир Путин“ стои во соопштението.
Организацијата ќе се приклучи и на забраната за веење на руското знаме и интонирањето на руската химна на натрпеварувањата, мерки што се пропишани од Меѓународниот олимписки комитет. Оваа реакција следи откако Светската џудо федерација го исклучи од своите редови рускиот претседател. Покрај член на Светската џудо федерација тој беше и почесен претседател на истата и амбасадор на џудото.
И ФИФА и УЕФА донесоа одлуки со кои им се забранува учество на турнирите на руските репрезентации и клубови.