🎥 ПУТИН ОДРЖА ВЕЖБА НА СТРАТЕШКИТЕ НУКЛЕАРНИ СИЛИ Русија испали моќни ракети

Кремљ соопшти дека е извршено пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета Јарс од полигонот Плесецк, северозападна Русија. Ракетата е упатена до Камчатка, рута долга 6.000 километри. Максималниот дострел на Јарс е 12.000 километри. 

361

Русија денеска одржа воена вежба на стратешките нуклеарни сили, при што го тестираше и лансирањето на нивната најмоќна балистичка ракета. Со вежбата раководеше рускиот претседател Владимир Путин.

Кремљ соопшти дека е извршено пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета Јарс од полигонот Плесецк, северозападна Русија. Ракетата е упатена до Камчатка, рута долга 6.000 километри. Максималниот дострел на Јарс е 12.000 километри.






За време на вежбата од подморница во Баренцово Море беше лансирана интерконтиненталната балистичка ракета Синева.

Во воената вежба учествуваа и стратешки авиони бомбардери Ту-95, кои истрелуваа крстосувачки ракети со долг дострел.

„Во вежбата се проверени и вештините на воените командни структури“, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Воената вежба е одржана откако вчера беше одложен самитот на претседателот на Русија, со претседателот на САД, Доналд Трамп, на кој требаше да се договори мировно решение за Украина.

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини