📽️ ПУТИН ОДБИВА СРЕДБА ЗАТОА ШТО НЕ ГО САКА ЗЕЛЕНСКИ Трамп пак разговарал со рускиот колега, откри детали пред новинарите
Американскиот претседател рече дека по разговорот со рускиот претседател од Американскиот претседател рече дека по разговорот со рускиот претседател од 18 август имал уште еден телефонски разговор со него и дека „секој разговор со Путин е добар разговор“.
Рускиот лидер Владимир Путин одбива да се сретне со Володимир Зеленски затоа што „не го сака“ украинскиот претседател, им рече шефот на САД на новинарите во Белата куќа.
– Затоа што не го сака. Не го сака – кратко одговори Трамп и потврди дека по минатонеделната средба со Зеленски и со европските лидери во Белата куќа телефонски разговарал со Путин за да договори евентуална тројна средба.
Американскиот претседател рече и дека оттогаш имал уште еден телефонски разговор со Путин и дека „секој разговор со Путин е добар разговор“.
– А потоа, за жал, бомба паѓа врз Киев или некаде на друго место и многу се лутам – додаде Трамп на денешната прес-конференција.
Првиот човек на САД откри и дека со Путин разговарал за „ограничување на нуклеарното оружје“ и дека Кина треба да биде вклучена во напорите.
– Ние имаме најмногу. Русија е на второ место, а Кина на трето … Но, Кина е далеку зад нас, но ќе нè стигне за пет години … Би сакале да се денуклеаризираме – додаде Трамп.
Тој изјави дека сè уште не разговарал за конкретни безбедносни гаранции за Украина, но дека Соединетите Американски Држави ќе ја поддржат земјата. Трамп исто така им рече на новинарите дека сака војната во Украина да заврши.