ПУТИН ОДБИ ПРЕКИН НА ОГНОТ ПО РАЗГОВОРОТ СО ТРАМП Украина разочарана по телефонскиот разговор меѓу САД и Русија

Информацијата ја потврди Михаил Подољак, советник во кабинетот на украинскиот претседател, кој напиша на платформата Х дека „по разговорот Трамп–Путин, статусот кво не се промени“.

1,174

Рускиот претседател Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот во разговорот со Доналд Трамп, одржан вчера по телефон, но изрази подготвеност да разговара за потпишување меморандум кој би бил основа за потенцијален иден мировен договор.

Информацијата ја потврди Михаил Подољак, советник во кабинетот на украинскиот претседател, кој напиша на платформата Х дека „по разговорот Трамп–Путин, статусот кво не се промени“.






– Украина и понатаму инсистира на итен и безусловен прекин на огнот. Европа целосно го поддржува тој чекор – истакна Подољак.

Според него, Соединетите Американски Држави сè уште играат централна улога како глобален посредник и веруваат дека Русија може да се убеди преку економски и стратешки интереси. Но, ставот на Москва, вели Подољак, останува цврст во правец на продолжување на војната.

– Русија и натаму бара војна, уништување и убиства, убедена дека тоа е единствениот начин да ја зачува својата сегашна позиција. Таа категорично одбива да прифати прекин на огнот – рече Подољак.

Тој посочи дека Кремљ упорно бара „оправдување“ за својата агресија, иако, како што истакна, единствената вистинска причина е „неиспровоцираната инвазија врз Украина“.

Поврзани содржини