Путин облече скафандер и ги посети заразените од коронавирусот

Според неговите зборови, докторите таму работат како часовници, добро и прецизно, и, згора на тоа, како што додал, прават ефикасно користење на достапната опрема, апарати и средства. 

3,582

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети болницата во Коминарк, во близина на Москва, во која се сместени најголемиот број заболени пациенти од коронавирусот.

Но, пред да влезе таму, тој облекол жолто заштитно одело и ставил маска на лицето.






– Ги видов како работат напорно, сите во нивната борба – рекол Путин.

Според неговите зборови, докторите таму работат како часовници, добро и прецизно, и, згора на тоа, како што додал, прават ефикасно користење на достапната опрема, апарати и средства.

Според официјални податоци во Русија има 495 случаи на коронавирус, а ниту еден не починал.

Поврзани содржини