ПУТИН СЕ ЈАВИ, НУДИ НАФТА ЗА ЕВРОПА ПОД ЕДЕН УСЛОВ Руските компании се тркаат да ја искористат кризата

Москва нуди повторно снабдување со нафта за Европа, но бара соработката да биде долгорочна и без политички услови. Путин предупредува дека Ормутскиот теснец може целосно да се затвори поради конфликтот на Блискиот Исток. Тој ги повика руските компании да го искористат конфликтот во своја полза.

683

Русија е подготвена повторно да ги снабдува европските земји со нафта, но само под одредени услови, изјави рускиот лидер Владимир Путин, пренесува Скај Њуз. Путин, исто така, ги повика руските компании да го искористат конфликтот на Блискиот Исток, истовремено истакнувајќи дека скокот на цените може да биде привремен.

Според Путин, Русија може да ја снабдува ЕУ со нафта сè додека соработката е „долгорочна“ и неполитизирана.






Тој додаде дека руските енергетски компании внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да реагираат доколку дојде до поголем енергетски шок на глобалниот пазар.

Путин посочи дека транспортот на нафта преку Ормутскиот теснец може целосно да биде прекинат доколку конфликтот на Блискиот Исток се прошири.

Во меѓувреме, цените на нафтата денеска се вратија на ниво под 100 долари за барел по скокот на отворањето, бидејќи главните производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството по нарушувањата во транспортот во Ормускиот Теснец.

Ормутскиот теснец е една од најважните морски рути за транспорт на нафта во светот. Низ овој теснец поминуваат околу 20% од глобалните испораки на нафта.

Покрај нафтата, низ овој морски премин се транспортираат и голем број други производи, вклучително суровини и индустриски материјали.

Европската Унија и Обединетото Кралство во декември 2022 година воведоа ограничувања за увоз на руска нафта по почетокот на војната во Украина. До 2024 година, увозот на руска нафта во Европа се намали за околу 90%.

Иранската војска прво објави во вторник, на 3 март, дека Ормутскиот теснец е целосно затворен. Тие се заканија дека ќе го запалат секој брод што ќе се приближи до теснецот, а потоа во петок, на 6 март, Иран изјави дека теснецот е сè уште отворен за сите освен за израелските и за американските бродови.
Поврзани содржини