🎥 ПУТИН НУДИ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ ПАРИ ЗА ОДБОРОТ НА МИР НА ТРАМП Остатокот од тие средства би се трошел за обнова на Украина
Добивме покана да се приклучиме кон Одборот за мир, лично од американскиот претседател Трамп и сакам да му се заблагодарам за оваа покана. Ние отсекогаш сме ги поддржувале и ќе продолиме да ги поддржуваме сите напори за меѓународна стабилност, рече рускиот претседаѕел Владимир Путин во видеообраќање.
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал за можноста Русија да донира милијарда долари на Одборот за мир на америкаскиот претседател Доналд Трамп од замрзнатите руски пари во странство.
Како што соопшти Кремљ, Путин за ова разговарал вчера со специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
– За време на разговорите за Одборот за мир, беше нагласена нашата подготвеност да насочиме милијарда долари во буџетот на оваа организација од рускиот имот замрзнат од страна на претходната американска администрација – изјави по средбата советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека остатокот од парите од тие резерви, замрзнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, „би можел да се насочи кон обнова на териториите погодени за време на борбите“. Според него, тоа би се случило дури откако „ќе биде склучен мировниот договор меѓу Русија и Украина“.
Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави Одборот за мир вчера во Давос. Иницијативата им нуди на државите членки постојани места по цена од милијарда долари.
Путин, кој е поканет да се приклучи на одборот, сè уште не се обврзал официјално, но и претходно ја споменуваше можноста за користење на замрзнатиот руски имот за плаќање на членарината.
Рускиот претседател Владимир Путин во видеообраќање потврди дека е согласен да донира милијарда долари, но од рускиот замрзнат имот, а останатите пари да се искористат за обнова на Украина.
– Добивме покана да се приклучиме кон Одборот за мир, лично од американскиот претседател Трамп. Сакам да му се заблагодарам за оваа покана. Ние отсекогаш сме ги поддржувале и ќе продолиме да ги поддржуваме сите напори за меѓународна стабилност. Исто така забележителни се напорите на САД да се најде репение за украинската криза. Имајќи ги в предвид посебните врски на Русија со палестинскиот народ, ние сме подготвени да донираме милијарда долари од замрзнатите руски средства – рече рускиот претседател Путин.