Путин: Ние сме единствена држава која има три домашни вакцини
Во Русија во моментов три вакцини поминуваат во третата фаза на испитување: препарати на институтот „Гамелеја“, на новосибирскиот институт „Вектор“ и на институтот „Чумаков“. Првите две вакцини активно се користат во масовната вакцинација во земјата.
Русија е лидер во светот во производство на вакцини против коронавирусот, изјавил рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за наука и образование.
– Благодарение на нашите научници, Русија е лидер во светот по производство на вакцини против коронавирусот. Не кажав ништо неочекувано, ниту ново – изјавил шефот на руската држава.
Тој потенцирал дека Русија е единствена држава која веќе има три вакцини од домашно производство.
– Без секакво сомнение, тоа е најголем успех во сферата на науката – додал Путин.