ПУТИН НЕНАЈАВЕНО ГО ПОСЕТИ ХЕРСОН Присуствуваше на состанок на воената команда
Ова е прва посета на рускиот претседател на регионот Херсон и Луганската Народна Република. Неговата претходна посета на украинските региони под контрола на руските сили беше на 19 март во Мариупол.
Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанок на воената команда во украинската област Херсон, која е делумно под контрола на Русија, јавија западни медиуми повикувајќи се на информации од Кремљ.
Путин ги слушал извештаите на командантите на воздухопловните трупи и армиската група „Дњепар“, како и други високи офицери, се вели во соопштението.
Посетите на рускиот претседател на штабови во Херсон и во Луганската Народна Република не беа однапред подготвени, соопшти прес-службата на шефот на руската држава.
За време на посетите Путин ги слушаше извештаите на воените команданти за ситуацијата во регионите Херсон, Запорожје и Луганск.
Тоа е прва посета на рускиот претседател на регионот Херсон и Луганската Народна Република. Неговата претходна посета на украинските региони под контрола на руските сили беше на 19 март во Мариупол.