ПУТИН НЕМА ДА ОБЈАВИ ВОЈНА НА 9 МАЈ За Песков тоа е обична глупост
Нема шанси за тоа. Тоа е глупост, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Кремљ во средата ги отфрли шпекулациите дека претседателот Владимир Путин планира да објави војна против Украина и да прогласи национална мобилизација на 9 мај, кога Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна, јавува Ројтерс.
– Нема шанси за тоа. Тоа е глупост – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин досега ги карактеризираше акциите на Русија во Украина како „специјална воена операција“, а не како војна. Но, западните политичари и некои набљудувачи на Русија шпекулираат дека тој би можел да се подготвува за голема објава следниот понеделник со низа можни сценарија кои се движат од целосно објавување војна до објава на победа.
Денот на победата на 9 мај е еден од најважните национални настани во Русија. Тоа е сеќавање на огромната советска жртва направена во поразот на нацистичка Германија во таканаречената Голема патриотска војна на Русија.