ПУТИН НЕ ЗНАЕ ИСТОРИЈА Момче го поправи насред час, а тој му се заблагодари (ВИДЕО)

Во врска со што го поправи момчето Путин? За фактот дека Петар Велики не се борел во Седумгодишната војна, туку во Големата северна војна која траела 21 година.

2,025

Ученик во основно училиште го поправи Путин на час по историја во врска со тоа каде се борел Петар Велики, а заради тоа беше опоменат од директорот. „Извесната дрскост“ на момчето која ја разбранува цела Русија, не му сметаше на Путин. Тој му се заблагодари на момчето, пишува Нет.

– Не беше дрско. Во никој случај не се согласуваме со директорот на училиштето – рече Дмитриј Песков, портпаролот на Кремлин, додавајќи дека „се надева дека ученикот нема да биде казнет подоцна“.

 






Инцидентот кој одекна на првиот училиштен ден ги „потпали“ опозициските медиуми кои ја критикуваат политиката на Кремлин. Тие ја пофалија ревноста на детето. Кира Арамуш, портпаролка на затворениот дисидент Алексеј Навални, го критикуваше директорот, кој смета дека училиштето не треба да учи факти, туку „послушност и сервилност“.

Во врска со што го поправи момчето Путин? За фактот дека Петар Велики не се борел во Седумгодишната војна, туку во Големата северна војна која траела 21 година.

Поврзани содржини