„ПУТИН НЕ ПРИФАЌА РАЗУМ! ЧОВЕШТВОТО МОРА ДА ПОБЕДИ!“ Германската министерка за надворешни работи очекува да ескалира војната во Украина
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека ќе има незамисливи последици доколку Украина биде поразена во војната.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека очекува натамошна ескалација на војната во Украина, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да преговара.
– Тој повеќе од јасно дава до знаење дека е надвор од дофатот на разумните аргументи и вредностите на човештвото. И тој сигурно не сака да преговара – изјави Бербок за медиумската група Функе.
Шефицата на германската дипломатија оцени дека ќе има незамисливи последици доколку Украина биде поразена во војната.
– Човештвото мора да победи. Безбедноста на Европа и на меѓународниот поредок ќе бидат загрозени доколку Русија ја победи Украина. Поддршката на Украина е наша сопствена гаранција за безбедност – истакна Бербок.
Сепак, таа ја отфрли можноста за испраќање европски копнени трупи во Украина.
Според Бербок, целта на Путин е да го уништи постоењето на Украина како независна и слободна земја, а и да го вовлече НАТО во војна.
– Од самиот почеток јасно ставивме до знаење дека тоа никогаш нема да го дозволиме – рече таа.