ПУТИН НЕ ГИ ПРИЗНАВА ЖРТВИТЕ НА КОМУНИЗМОТ Забрана за здружението „Меморијал“
Здружението „Меморијал“ било основано кон крајот на 1980-тите за да ги документира жртвите од Големиот терор и логорите наречени гулази. Неговото основање било мотивација за сите идни здруженија и борци за човекови права во земјата.
Здружението „Меморијал“, најстаро здружение за дисиденти и жртви на комунистичкиот режим на СССР, но и општо за човекови права денеска беше забрането од страна на Врховниот суд во Русија со нов контроверзен закон за „странски агенти“ во земјата, а чија најголема цел се невладините организации и критичките медиуми.
Во својата пресуда, судијката Ала Назарова нареди затворање на организацијата поради „повторено“ и „грубо“ кршење на законите за „странски агенти“ на Русија, квалификација што од „Меморијал“ ја нарекоа политички мотивирана.