🎥 „ПУТИН НАСКОРО ЌЕ УМРЕ“ Зеленски му предвидува лош крај на рускиот претседател
Украинскиот претседател тврди дека Путин се надева дека „ќе остане на власт до својата смрт“, но и дека неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку може да доведат до „директна конфронтација со Западот“.
Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Eurovision News“.
Потегот на Зеленски доаѓа откако Русија и Украина се согласија на делумен прекин на огнот со посредство на САД за нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. Во замена, САД се согласија да го прошират рускиот пристап до глобалните пазари.
-Многу е важно Америка да не му помогне на Путин да излезе од оваа глобална изолација. Верувам дека тоа е опасно. Ова е еден од најопасните моменти – рече Зеленски.
Тој тврди дека Путин се надева дека „ќе остане на власт до својата смрт“, но и дека неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку може да доведат до „директна конфронтација со Западот“.
Зеленски ги повика САД и Европа да останат обединети во вршењето притисок врз Путин.
– Рускиот лидер се плаши од европско-американскиот сојуз и се надева дека ќе го подели. Путин се плаши и од сопствената смрт. Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и се ќе биде готово – рече Зеленски наведувајќи дека рускиот лидер се надева дека „ќе остане на власт до својата смрт“.
President Zelensky: Putin will die soon, that is a fact, and everything will be over.pic.twitter.com/fQfRp7O1ui
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) March 27, 2025
Во изјавата објавена по последната рунда разговори со руските претставници во Саудиска Арабија, САД ветија дека ќе ги ублажат некои економски ограничувања за Русија како дел од договорот за ограничен прекин на огнот.
Зеленски рече дека ограничениот прекин на огнот во Црното Море е „дефинитивно чекор кон завршување на војната“, но ја истакна посветеноста на Украина за неодреден прекин на непријателствата.
– Генерално, бевме подготвени за целосен прекин на огнот – заклучи тој.
За тоа дали на Украина треба да и се дозволи да се приклучи на НАТО, Зеленски рече дека неговата „тврда“ нација ќе ја зајакне алијансата, иако тој истакна дека администрацијата на Трамп го отфрлила членството на Киев.