ПУТИН НАПРАВИ СТРАШНА ГРЕШКА Трудо смета дека Русија ќе ја загуби војната
Владимир Путин направи ужасна грешка. Тој ќе ја загуби оваа војна поради жестокоста, силата и решителноста на украинскиот народ, кој ја брани својата територија и нè инспирира сите нас, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја „изгуби“ војната во Украина, која започна со неговата инвазија на таа земја.
– Владимир Путин направи ужасна грешка. Тој ќе ја загуби оваа војна поради жестокоста, силата и решителноста на украинскиот народ, кој ја брани својата територија и нè инспирира сите нас – изјави Трудо на заедничката прес конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда во Варшава.