ПУТИН МУ ЗБОРУВАЛ НА ШОЛЦ ЗА ЛОГИКАТА НА ВОЈНАТА Главната задача е заштита на републиките во Донбас

Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ.

550

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина“.

„Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население“, се наведува во соопштението на Кремљ.






Путин, според Кремљ, го информирал Шолц и за учеството на претставници на ОН и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивили од челичарницата Азовстал во Мариупол

Поврзани содржини