ПУТИН МУ ЗАРЖА НА ЛУКАШЕНКО Ширењето на НАТО кон Украина е газење на црвената линија

Рускиот претседател Владимир Путин испратил јасна порака до белорускиот колега Александар Лукашенко: „Тоа е крајната црвена линија“.

827

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му соопштил на својот белоруски колега Александар Лукашенко дека проширувањето на НАТО кон Украина за Москва ќе значи дека е помината црвената линија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Претседателот Путин претходно кажа дека тоа е крајната црвена линија – рече Песков, пренесе Тасс.






Белорускиот претседател претходно посочи дека цел корпус странски војници се распоредени во Полска, на границата со Белорусија.

„Јасно е дека каде и да распоредите војници во Полска, тие нема да бидат насочени против Германија. Тоа се странски војници, пред сè американски“ објави белоруската новинска агенција Белта.

Поврзани содржини