Путин му се јави на заразениот министер и го праша како се чувствува

Досега се заразени над 250.000 луѓе во Русија, а Фалков е четвртиот член на Владата на Путин кој е заразен со коронавирусот.

459

Рускиот министер за образование Валери Фалков е позитивен на коронавирусот, објави денеска претседателот Владимир Путин на телевизиската владина седница.

Тој откри дека 41-годишниот министер е заразен со ковид-19, а преку видео-линк му се јавил за да го праша како се чувствува. Тој му одговорил дека е добар и дека наскоро ќе се врати на работа.






Инаку, досега се заразени над 250.000 луѓе во Русија, а Фалков е четвртиот член на Владата на Путин кој е заразен со коронавирусот.

Поврзани содржини