ПУТИН МУ ИСПРАТИЛ ПОРАКА НА ТРАМП ПРЕКУ ВИТКОФ Постои причина за оптимизам

Според портпаролот на Кремљ сигурно има уште многу работа да се заврши, но генерално, рускиот претседател изразил солидарност со позицијата на американскиот претседател.

508

Рускиот претседател Владимир Путин му испратил сигнали на американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со специјалниот пратеник на САД за Украина Стив Виткоф доцна вечерта во четвртокот, откри портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

– Постојат одредени причини за внимателен оптимизам. Вчера слушнавте многу важна изјава на претседателот Путин, кој одговараше на прашање на новинар. Тој рече дека ја поддржува позицијата на претседателот Трамп за договорот, но покрена неколку прашања на кои треба заеднички да се одговори – изјави Песков.






Според портпаролот „сигурно има уште многу работа да се заврши, но генерално, претседателот (Путин) изрази солидарност со позицијата на Трамп“.

Песков најави дека Русија и САД ќе работат на организирање телефонски разговор меѓу двајцата претседатели, откако Виткоф го информирал Трамп за разговорот со Путин.

Ден претходно, Путин на прес-конференција по разговорите со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко рече дека генерално ја поддржува идејата предложена од САД за прекин на огнот во Украина, но има нијанси кои треба да се земат предвид.

Според помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, на Москва и треба долгорочно решавање на украинскиот конфликт, а не одмор.

Претседателот Доналд Трамп зборовите на Путин ги нарече ветувачки. Тој додаде дека со задоволство би се сретнал со рускиот лидер.

Поврзани содржини