ПУТИН МИСЛИ ДЕКА ЌЕ ГО МОЛИМЕ ЗА НАФТА И ЗА ГАС Џонсон ја коментира енергетската криза во Британија
Инвазијата на Путин на Украина ги заплаши енергетските пазари. Војната на Путин ги чини и британските потрошувачи. Ова ја удвојува нашата сметка за енергија. Се плашам дека Путин го знае тоа. Тоа му се допаѓа, рече Џонсон, кој наскоро ќе биде сменет од премиерската функција на Конзервативната партија по серијата скандали.
Путин верува дека, како што наближува зимата, европските политичари ќе го омекнат односот кон рускиот претседател, како и санкциите поради војната и дека ќе почнат да „молат за руска нафта и гас“. Вака смета Борис Џонсон, британскиот премиер во заминување. Тој денеска го обвини Путин за растечката криза на животните трошоци во Британија и војната против Украина, јавува Н1.
Џонсон за Дејли Мејл изјави дека рускиот претседател уживал знаејќи дека животот на многу Британци ќе стане тежок.
– Инвазијата на Путин на Украина ги заплаши енергетските пазари. Војната на Путин ги чини и британските потрошувачи. Ова ја удвојува нашата сметка за енергија. Се плашам дека Путин го знае тоа. Тоа му се допаѓа – рече Џонсон, кој наскоро ќе биде сменет од премиерската функција на Конзервативната партија по серијата скандали.
Џонсон истакна дека многу луѓе низ Велика Британија ќе страдаат поради кризата со трошоците за живот, но ја увери јавноста дека неговиот наследник ќе понуди финансиска поддршка и дека земјата ќе биде просперитетна откако ќе се реши кризата.