ПУТИН КОНТРА ПРИГОЖИН КОНТРА КАДИРОВ Незадоволните „војводи“ планираат да ја соборат полицијата во „народен бунт“?
На почетокот може да добиеме ненамерен бунт, само со грабежи и со хаотични престрелки меѓу сите. Дозволете ми да се обидам да објаснам: борбата на безбедносните агенции против структурите на Пригожин, вистинска војна едни против други, е лоша, но генерално неизбежна, продолжува пораката во која се зборува дека Русија ја чека граѓанска војна.
Протечените мејлови од свиркач во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), споделени со порталот Њузвик, откриваат дека неговите блиски соработници Евгениј Пригожин и Рамзан Кадиров му спремаат хаос на својот „сакан“ лидер, можен народен бунт во кој нивните приватни чети, незадоволни од исходот на војната, ќе ја растурат руската полиција која нема да може да ги сопре. Секој посебно.
И Пригожин и Кадиров важат за гласни критичари на Путин. Во мејловите се вели дека тие знаат дека по војната нема да му требаат повеќе на Путин, а истовремено мислат дека е дојден „нивниот момент да сјаат“.
Свиркачот во мејлот вели и дека службата ФСБ очекува Пригожин и Кадиров да извршат серија провокации кои ќе ја намачкаат службата (ФСБ) и ќе укажат на нејзината „наводна неспособност да ја контролира ситуацијата во земјата“.
„Ако сѐ оди според сценариото на Пригожин, ќе ја изгубиме и контролата и државата“, заклучуваат тие.
Мејловите ги обезбедил агентот Игор Сушко од невладината Ветерот на промените и му ги испратил на Владимир Осечкин, руски изгнаник во странство, кој потоа ги споделил со американскиот портал.
„Нема начин како да се „промени сè“ во Русија, во земјата како целина да функционира, а без притоа да се спушта во бездната на теророт“, се вели во е-поштата, во која се прикажува како би се одвивала граѓанска војна во земјата.
„На почетокот може да добиеме ненамерен бунт, само со грабежи и со хаотични престрелки меѓу сите. Дозволете ми да се обидам да објаснам: борбата на безбедносните агенции против структурите на Пригожин, вистинска војна едни против други, е лоша, но генерално неизбежна“, продолжува пораката.
„Или ќе има битки на регионите за поделба на ресурсите. Или препукување на различни сили за контрола врз региони или делови од земјата (Русија).“
„Но, земјата може да пропадне во тотален хаос“, пишува агентот на ФСБ во мејлот.
„Верувајте ми – тоа е многу пострашно. Тврдам, и ова во никој случај не е осамено ова приватно мислење на еден обичен вработен во ФСБ: ние ја растуривме земјата. Ние (ФСБ) ја заебавме земјата не на 24 февруари кога почна целата оваа афера, туку многу порано, кога начелно стана возможен 24 февруари“, продолжува агентот.
„Хаос, граѓанска војна, колапс – да, сето тоа е пред нас. Тоа е неизбежно. Премногу луѓе во Русија ја преминаа точката од која нема враќање. Тие планираат да бидат мали цареви во областите што успеваат да ги заземат. Барем така тие размислуваат“.
Свиркачот посочува и дека на Кремљ нема да му биде лесно да го потисне Пригожин доколку тој на крајот претставува закана за владеењето на Путин.
„И кога особено „паметните“ лидери во ФСБ се впуштаат во жигосување на Пригожин како човек кој е против системот и велат дека имаме структура што може да го неутрализира доколку тоа биде неопходно – тоа е глупост“.
Во друга поитна е-пошта од 8 ноември, свиркачот на ФСБ го предупредил Осечкин дека Пригожин подготвува бригади за „домашен терор“ во Русија, поради бранот протести и немири во неколку региони на Русија поради извештаите дека повеќе од 1.000 Руси биле убиени во просторот од три дена за време на интензивните борби во Украина.
„Нашите анализи и извештаи го следат синџирот и на крајот разбираат дека нивото на народното незадоволство расте експоненцијално и нема да можеме да го изгасиме со легални методи“, напишал свиркачот.