Путин има најнизок рејтинг во последните 20 години

Путин и понатаму е популарен меѓу оние кои имаат „мали шанси да го подобрат својот живот“, како на пример повозрасната популација и дел од руралното население, наведува агенцијата.

262

Процентот на Русите кои се задоволни од работата на шефот на државата Владимир Путин се намали на досега најниски 59 отсто, објави агенцијата за истражување на јавното мислење Левада Центар, пренесува „Reuters“.

Ова е вториот најлош резултат за Путин од септември 1999 година, еден месец од кога тој стана премиер, а доверба имаше кај 53 проценти од населението.






Путин и понатаму е популарен меѓу оние кои имаат „мали шанси да го подобрат својот живот“, како на пример повозрасната популација и дел од руралното население, наведува агенцијата.

Се додава дека само 12 отсто од луѓето на возраст меѓу 18 и 24 години ја одобрува работата на Путин.

Анкетата е спроведена минатиот месец, кога бројките на заразени и починати од новиот коронавирус во Русија почнаа да ги надминуваат оние во Кина.

Според резултатите од истражувањето, се зголемува и незадоволството од државата меѓу оние лица кои „не ја добиле очекуваната помош во текот на зголемената економска криза“.

Поврзани содржини