ПУТИН ИМА ДОБРИ КАРТИ И НЕМА ДА ПРИФАТИ НИШТО ОД ТРАМП? Блумберг пишува дека рускиот лидер е спремен за долга војна
Аналитичарите на Блумберг гледаат само една позитивна опција за Западот - Путин да ги прецени своите способности и на тој начин да го испровоцира Трамп да спроведе закани со нови санкции за да го запре „крвопролевањето“ во Украина, како што го нарекува американскиот претседател.
Рускиот претседател Владимир Путин верува дека „има добри карти“ пред закажаниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој е закажан за денеска, анализира Блумберг. Според медиумот, Путин не планира да направи никакви сериозни отстапки за време на разговорот, бидејќи е подготвен на долготрајна војна.
Извор од врвот на руската влада за Блумберг вели дека Путин е уверен дека до крајот на 2025 година, руските вооружени сили ќе ја пробијат одбраната на Украина и ќе стават под целосна контрола четири клучни области, Донецката и Луганската народна република (ДНР и ЛНР), како и Херсонската и Запорошката област.
Аналитичарите на Блумберг гледаат само една позитивна опција за Западот – Путин да ги прецени своите способности и на тој начин да го испровоцира Трамп да спроведе закани со нови санкции за да го запре „крвопролевањето“ во Украина, како што го нарекува американскиот претседател.
Во моментот европските лидери се загрижени за можен изненадувачки договор меѓу Вашингтон и Москва и се обидуваат да го одвратат Трамп од донесување брзи одлуки што би ѝ користеле на Русија. Блумберг анализира дека Европа, инсистирајќи на претпазлив пристап и одложувајќи, всушност му дава на Путин дополнително време да ги спроведе своите планови.
„Москва го користи ова многу вешто, бидејќи во моментов не изгледа како страна што го отфрла договорот, туку како поранешен сојзуник на САД“, се наведува во текстот.
Во телефонски разговор со Трамп на 16 мај, украинскиот претседател Володимир Зеленски изгледал „депресивен и исцрпен“, извести Блумберг. Од друга страна, според изворите на медиумот, Путин е оптимист во врска со идните односи со САД.