ПУТИН ИМА 3 ИДЕНТИЧНИ РЕЗИДЕНЦИИ ЗА ВИДЕООБРАЌАЊЕ? Снимките од Сочи, Валдај и од Москва не се совпаѓаат
Истражителите следеле околу 700 снимки, некои од нив стари и неколку месеци, а Кремљ наводно ги претставил како свежи и тековни. Рабовите на ѕидовите од просториите на снимките се различни, положбата на термостатскиот прекинувач не се совпаѓа, а мебелот има мали, но препознатливи варијации.
Рачката на една врата станала сигнал за голема драма околу локацијата на рускиот претседател Владимир Путин. Новинарите од истражната единица „Система“ на Радио Слободна Европа тврдат дека Кремљ користи 3 речиси идентични канцеларии за да ја прикрие вистинската позиција на претседателот.
Истражителите следеле околу 700 снимки, некои од нив стари и неколку месеци, а Кремљ наводно ги претставил како свежи и тековни. Рабовите на ѕидовите од просториите на снимките се различни, положбата на термостатскиот прекинувач не се совпаѓа, а мебелот има мали, но препознатливи варијации.
Тие велат дека откриле дека снимка, најавена како снимена во Ново-Огарјово, всушност е направена повеќе од 1.500 километри подалеку, во Бочаров Ручеј во Сочи.
Понатаму, се тврди, одделни материјал од 2020 и 2021 година покажуваат дека телевизиските екипи патувале во Сочи, иако Кремљ тврдел дека снимките се направени во Ново-Огарјово.
Уште повеќе, според истрагата, канцеларија што навидум изгледа како онаа во Ново-Огарјово постои и во Валда, комплекс е сместен во шума помеѓу Москва и Санкт Петербург.
Истражителите откриле дека речиси сите негови појавувања во 2025 година, претставени како снимени во Ново-Огарјово, биле направени токму во Валдај.