ПУТИН ИМ ПОДАРИЛ ПРСТЕНИ НА СВОИТЕ СОЈУЗНИЦИ „Му здодеа да биде Хитлер, сега е Господар на прстените“ (ФОТО)

Прстени добија сите земји на поранешниот СССР, односно, како што сега се познати, земји на Комонвелтот на независни држави(ЗНД). Тоа се Азербејџан, Белорусија, Киргистан, Казахастан, Таџикистан, Туркменистан, Ерменија и Узбекистан.

572

Рускиот лидер Владимир Путин им ја честиташе новата година на своите сојузници со тоа што во Санкт Петербург им подари прстени на кои беа изгравирани честитки. Не помина долго време, а медиумите го споредија овој чин со филмот „Господар на прстените“ каде главниот антагонист Саурон трага по еден проколнат прстен, пренесува Њузвик.

Прстени добија сите земји на поранешниот СССР, односно, како што сега се познати, земји на Комонвелтот на независни држави(ЗНД). Тоа се Азербејџан, Белорусија, Киргистан, Казахастан, Таџикистан, Туркменистан, Ерменија и Узбекистан.

 






 

Деветтиот прстен Путин го задржал за себе.

„На Путин му здодеа да биде Хитлер на 21 век и реши да го глуми Господарот на прстените и да стане „моќен Саурон““, напиша на Твитер украинскиот политичар Олексеј Гончаренко.

 

Поврзани содржини