📽️ ПУТИН И СИ ЗБОРУВАЛЕ ЗА ВЕЧЕН ЖИВОТ, ГИ ИЗДАДЕ МИКРОФОНОТ Со трансплантации на органи може да се живее и 150 години?

Разоткриениот разговор за бесмртен живот преку трансплантација на органи додаде симболика на веќе моќната порака, дека овие лидери не размислуваат само за геополитика, туку и за вечноста, анализира Би-Би-Си.

1,889

Додека формации со нуклеарните ракети парадираа поминуваа на парадата низ Пекинг, вклучениот микрофон откри дека рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг не зборувале само за тенкови, туку и за бесмртност и трансплантација на органи, пишува Би-Би-Си.

Разговорот се случил на маргините на воената парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. Путин и Си разговарале во толпата од 24 светски лидери кои се шетале по Тјенанмен.






– Со развојот на биотехнологијата, човечките органи можат постојано да се менуваат, така што луѓето можат да изгледаат сè помлади, па дури и да постигнат бесмртност – вели преведувачот на Путин од кинески јазик, додека камерата и микрофонот на државната телевизија останале вклучени.

Си одговора низ насмевка, со зборови што ги пренесува неговиот преведувач:

 

– Некои предвидуваат дека до крајот на овој век луѓето ќе живеат и до 150 години.

Една од главните пораки на кинескиот лидер, освен онаа дека светот се наоѓа на крстопат меѓу војна и мир, беше дека е можен нов светски поредок, во кој Кина, Русија и Северна Кореја го предизвикуваат доминантниот западен модел.

Но, „откриениот“ разговор додаде симболика на веќе моќната порака – дека овие лидери не размислуваат само за геополитика, туку и за вечноста.

Путин подоцна, на прес-конференција, ги повторил своите ставови, наведувајќи:

– Современите методи на подобрување на здравјето, вклучувајќи хируршки операции и замена на органи, му овозможуваат на човештвото да се надева на продолжен активен живот.

Истовремено, рускиот лидер предупредил дека до 2050 година бројот на луѓе постари од 65 ќе го надмине бројот на деца, што ќе донесе сериозни социјални и политички последици.

Научниците се поделени во врска со трансхуманистичките идеи за продолжување на животот. Иако постојат ентузијати, некои од нив го гледаат тоа како далечна иднина за медицината.

Аналитичари, пак, за „The Australian“, коментираат дека разговорот на Си и Путин за бесмртноста повеќе личел на политички сон, отколку на медицинска реалност.

Од другата страна на светот, американскиот претседател Доналд Трамп за време на парадата на 3 септември испрати порака на својата социјална мрежа обвинувајќи дека Путин и севернокорејскиот претседател Ким Јонг во Пекинг коваат заговор против Соединетите Американски Држави.

Поврзани содржини