ПУТИН И СИ ДЕНЕС ЌЕ ЈА ОТВОРАТ ОЛИМПИЈАДАТА Политиката и пандемијата нема да ги спречат игрите

На ЗОИ под строги ковид-протоколи ќе настапат 2.900 спортисти од над 90 држави. Додека САД бојкотира дипломатски, тоа не значи дека нема да има американски спортисти и навивачи на трибините. Кина, од друга страна, ги предупреди своите спортисти да не „промрморат“ за човековите права на Ујгурите или за ситуацијата во Тајван. Украина, пак, им нареди на своите спортисти да не се сликаат со Русите и да не зборуваат руски.

768

Политиката, пандемијата, но и сувото време нема да го спречат одржувањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои денеска во 12:55 часот по наше време на стадионот „Птичје гнездо“ ќе бидат официјално отворени. Се очекува на отворањето да биде кинескиот претседател Си Џинпинг, заедно со Владимир Путин, кој би требало да дојде на негова лична покана, а нив нема да ги придружува Џо Бајден, чија земја, заедно со неколку западни држави решија дипломатски да ги бојкотираат игрите.

„Птичје гнездо“ е истиот стадион на кој беше отворена летната Олимпијата во 2008 година. И овој пат, како и тогаш, уметнички директор на церемонијата ќе буде кинескиот режисер Жанг Јиму.






– Можноста по втор пат да го режирам отворањето на олимписките игри е голема чест, но и товар, бидејќи никој никогаш не бил два пати режисер. Отворањето на зимски игри ќе биде уште подобро од Пекинг 2008, бидејќи ќе креирам нешто ново – вели 71-годишниот Јиму.

фото: јутјуб/принтскрин

На ЗОИ под строги ковид-протоколи ќе настапат 2.900 спортисти од над 90 држави. Додека САД бојкотира дипломатски, тоа не значи дека нема да има американски спортисти и навивачи на трибините. Кина, од друга страна, ги предупреди своите спортисти да не „промрморат“ за човековите права за Ујгурите или за ситуацијата во Тајван. Украина, пак, им нареди на своите спортисти да не се сликаат со Русите и да не зборуваат руски.

Русите и годинава нема да го користат своето знаме, а наместо химна ќе слушаат концерт од Чајковски. Во декември 2019 година, на Русија ѝ беше изречена четиригодишна забрана од големи меѓународни спортски настани, вклучително и Олимпијадата. Светската антидопинг агенција (ВАДА) пресуди дека Русија манипулирала со податоците обезбедени од московската лабораторија.

Згора на сето ова, во Пекинг ќе има 100 отсто тенок вештачки снег, бидејќи времето е суво и нема врнежи. Во меѓувреме, расте бројот на заболени од коронавирус во главниот кинески град.

Македонија на Олимипијадата ќе има три претставници: Ана Цветановска во нордиско трчање, Ставре Јада, исто така во нордиско трчање и Дардан Дехари во алпско скијање.

Цветановска ќе настапи 5 и 10 февруари, Јада на 8 и 19 февруари, додека Дехари ќе настапи во слалом на 13 февруари и во велеслалом на 16 февруари. Честа да го носи македонското знаме на стадионот „Птичје гнездо“ ќе ја има Дехари.

Пекинг од денеска и официјално ќе стане првиот град во олимписката историја, домаќин и на летна и зимска олимпијада, а според кинеските власти, за организацијата на ЗОИ 2022 се потрошени 3,5 милијарди евра.

Поврзани содржини