ПУТИН ГОДИНА ДЕНА СЕ ПОДГОТВУВАЛ ЗА ВОЈНАТА Шолц објаснува зошто Русија уште долго ќе војува
Шолц исто така признал дека Германија и Европа не требало да се врзуваат со руските енергенти, лекција која сега ја учат.
Рускиот лидер Владимир Путин се подготвувал да ја нападне Украина цела година, а тоа е причината поради која тој ќе биде способен уште долго да ја води војната, смета германскиот канцелар Олаф Шолц. Канцеларот ова го изјави во интервју по самитот на НАТО во Мадрид во неделата.
Тој исто така призна дека врзувањето на Германија со руските енергенти било погрешно.
– Требаше во ЕУ да развиеме енергетска инфраструктура која овозможува брза промена на изворот – додал тој.
Според неговите зборови, тоа е лекцијата која Европа ја научила.
На прашањето колку Германија плаќа за руските енергенти, Шолц одговорил само дека сумата се намалува.
Според проценките на финскиот институт “CREA” од средината на јуни, Русија само во текот на првите 100 дена од украинската војска од извоз на фосилни горива наплатила 93 милијарди евра. Покрај тоа, Путин поради санкциите не може ни да ги троши тие пари, на пример со купување на европска технологија.