ПУТИН ГО ПРОВОЦИРАШЕ ЗЕЛЕНСКИ? Сакала или не, убавицо моја, тоа ти е должност

Го опцу ли Путин Зеленски? Барем за таква ја сметаат оваа сурова изјава Си-Ен-Ен и некои телевизиски куќи.

1,072

„Сакалa или не, (Украино), убавицо моја, тоа ти е должност“.

Вака изјавил рускиот претседател Владимир Путин обраќајки му се на својот колега Володимир Зеленски на  пресконференција мислејќи на спроведувањето на договорите од Минск со кои Украина треба да се децетнрализира и да им даде поголеми права на побунетите региони. Го опцу ли Путин Зеленски? Барем за таква ја сметаат оваа сурова изјава Си-Ен-Ен и некои телевизиски куќи.






– Ние не сме негова (убавица) –  одговорил на провокацијата Зеленски пред медиумите, вели Си-Ен-Ен.

Или да ја земемe неговата целосна изјава:

– Украина е навистина убавица, но што се однесува на „грабнувањето“, мислам дека Украина е многу трпелива, што е мудро – вели Зеленски.

Плусинфо веќе пишуваше за тоа како договорите од Минск за Путин се единствениот начин да се избегне криза и војна, а тоа го договориле и со францускиот претседател Макрон на нивната средба во понеделникот. Од друга страна, ваквиот договор за децентрализација би можел да биде погубен за Украина.

Поврзани содржини