ПУТИН ГО ПРЕДУПРЕДИЛ ТРАМП ЗА „ТОМАХАВКИТЕ“ Црвена линија за САД пред средбата во Будимпешта
Предупредувањето јасно стави до знаење дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици за билатералните врски меѓу двете сили, соопшти Кремљ.
Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Кремљ ја потврди веста во официјално соопштение.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост за можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот.
„Предупредувањето јасно стави до знаење дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици за билатералните врски меѓу двете сили“, се вели во соопштението.