🎥 ПУТИН ГО ПОКАЖА СВОЈОТ СТАН Еве како изгледа луксузниот дом на рускиот лидер

Снимки од станот на Путин беа вклучени во нов документарен филм за него, кој е продуциран од телевизискиот канал „Русија 1“. Тимот, што работеше на филмот, се сретна со Путин во Кремљ, а во еден момент тој одлучи да ги однесе во станот којшто се наоѓа во близина на неговата канцеларија.

547

Претседателот на Русија, Владимир Путин, покажа делови од станот каде што живее во Кремљ, кои беа објавени од руските државни медиуми.

Снимки од станот на Путин беа вклучени во нов документарен филм за него, кој е продуциран од телевизискиот канал „Русија 1“. Тимот, што работеше на филмот, се сретна со Путин во Кремљ, а во еден момент тој одлучи да ги однесе во станот којшто се наоѓа во близина на неговата канцеларија.






– Да, ова е тој стан. Како што можете да видите, не е далеку – му рече Путин на новинарот Павел Зарубин.

Според воведните снимки, во станот може да се видат бело пијано, портрет на рускиот цар Александар III, библиотека и домашна црква.

Путин рече дека во последните 3 години ги поминал повеќето ноќи во овој стан. Според него, ретко има можност да свири пијано.

Во 2020 година, рускиот претседател им ја покажа на новинарите својата канцеларија и рече дека зад вратата има уште неколку простории во кои новинарите никогаш не биле.

– Има трпезарија и просторија за рекреација, но ве предупредувам. Не готвев ништо таму, па затоа има… работна атмосфера. Веројатно сте првиот овде – рече Путин.

Во пролетта 2023 година, Путин спомена дека разговарал со кинескиот лидер Си Џинпинг во неговиот стан во Кремљ.

– Имавме работен ручек, а потоа пријателски го поканив претседателот да премине во друга соба – имам стан тука каде што во последно време минувам многу време, а и работам тука и честопати преноќувам, па појдовме таму. Седејќи покрај каминот и пиејќи чај, полека разговаравме за сè – рече Путин тогаш.

Поврзани содржини